Путин, како што се наведува, ја нагласил подготвеноста на Русија да спроведе можни медијациски напори и истакнал дека Москва предложила чекори „насочени кон наоѓање заемно прифатливи договори“ во рамките на преговорите меѓу САД и Иран за нуклеарната програма на Техеран
Рускиот претседател, исто така, му го честитал на Трамп 79-от роденден
Рускиот претседател Владимир Путин денеска имал 50-минутен телефонски разговор со својот американски колега Доналд Трамп во кој ја осудил израелската воена операција врз Иран и изразил загриженост поради ризикот од ескалација на конфликтот, соопшти Кремљ.

За време на разговорот, Путин го информирал американскиот претседател за неговите неодамнешни разговори со лидерите на Иран и Израел и го повторил предлогот на Москва за барање заемно прифатливо решение за иранската нуклеарно прашање.
„Владимир Путин ја осуди израелската воена операција против Иран и изрази сериозна загриженост од можна ескалација на судирот, која би имала непредвидливи последици целата ситуација на Блискиот Исток“,
изјавил за новинарите советникот на Путин за надворешни работи Јуриј Ушаков, пренесува Асошиејтед прес (АП).
Американскиот претседател, од своја страна, според Ушаков, настаните на Блискиот Исток ги опишал како многу алармантни.
Двајцата лидери, според зборовите на советникот во Кремљ, не ја исклучиле можноста барање решение за иранската нуклеарна програма по пат на преговори.
Путин, како што се наведува, ја нагласил подготвеноста на Русија да спроведе можни медијациски напори и истакнал дека Москва предложила чекори „насочени кон наоѓање заемно прифатливи договори“ во рамките на преговорите меѓу САД и Иран за нуклеарната програма на Техеран.
„Принципиелниот пристап и интересот на Русија за решавање на проблемот остануваат непроменети“,
рекол Ушаков.
Во телефонскиот разговор меѓу двајцата претседатели станало збор и за Украина. Во врска со ова прашање, Путин му рекол на американскиот претседател дека Русија е подготвена да ги продолжи преговорите со Украина по 22 јуни.
Од своја страна, пак, Трамп го повторил својот интерес за брзо решавање на конфликтот,
Путин, исто така, му го честитал н Трамп неговиот 79-ти роденден.