Вчера МНР апелираше сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран да ги следат националните портали за итни случаи и строго да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата будно ја следи состојбата со Иран и Израел и дека е активиран кризен штаб.
Одговарајќи на новинарско прашање, сепак Мицкоски не даде детали дали евентуално македонски државјани побарале евакуација.
„Има кризен штаб во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, се следи будно состојбата преку извештаите коишто ги добиваме преку службени канали, така што не би коментирал повеќе од ова што го кажав“,
изјави премиерот денеска во Скопје.
Вчера МНР апелираше сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран да ги следат националните портали за итни случаи и строго да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции.
Од Министерството истовремено апелираа сите наши државјани да се воздржат од какви било патувања кон земјите од овој регион, до подобрување на безбедносната состојба.