Пријавувањето е електронски и ќе се спроведува преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, каде што учениците треба да се најават со сопствените кориснички сметки на schools.mk. Како и во изминатите учебни години, учениците ќе треба да достават хартиени документи до училиштата, а се прават напори од следната година процесот целосно да се дигитализира
Министерството за образование и наука (МОН) ги потсетува основците дека утре започнуваат уписите во средните училишта за учебната 2025-2026 година. Првото пријавување е од 14 до 17 јуни, а второто е на 30 јуни. Конечните ранг-листи по двете пријавувања, ќе бидат објавени од страна на средните училишта на 2 јули.

Пријавувањето е електронски и ќе се спроведува преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, каде што учениците треба да се најават со сопствените кориснички сметки на schools.mk.
„Како и во изминатите учебни години, учениците ќе треба да достават хартиени документи до училиштата, а се прават напори од следната година процесот целосно да се дигитализира“,
наведуваат од МОН.
Конкурсот со слободни места е објавен на следниот линк.