Mинималните температури ќе се движат во интервал од 9 до 19 Целзиусови степени, а максималните ќе се искачат од 23 до 34 степени
Денеска нè очекува сончево и топло време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а на места, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Mинималните температури ќе се движат во интервал од 9 до 19 Целзиусови степени, а максималните ќе се искачат од 23 до 34 степени.

Времето во Скопје ќе биде сончево и топло со умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се движат од минимални 15 до максимални 34 степени.
За викендот УХМР најавува претежно сончево и топло време со максимални дневни температури до 34 степени.