Враќањето на воените заробеници и посмртните останки на загинатите војници е едно од ретките нешта за кои двете страни успеаја да се договорат на двете последователни средби во Истанбул. Ниту Киев ниту Москва не го објавија точниот број на разменети војници
Русија и Украина денеска разменија воени заробеници под 25 години. Размената на војниците, која помина во емотивни сцени од обете страни, е резултат на директните преговори меѓу Киев и Москва во Истанбул на 2 јуни кои резултираа со договор за размена на најмалку 1 200 воени заробеници од секоја страна.

Враќањето на воените заробеници и посмртните останки на загинатите војници е едно од ретките нешта за кои двете страни успеаја да се договорат на двете последователни средби во Истанбул.
Ниту Киев ниту Москва не го објавија точниот број на разменети војници. Министерството за одбрана на Русија единствено соопшти дека бројот на војници кои се разменети од двете страни е ист.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека размените ќе се спроведуваат во неколку фази.
„Се очекува процесот на размена да трае повеќе од еден ден. Деталите за процесот се доста чувствителни, затоа во моментов има помалку информации од вообичаеното“,
рече Зеленски.
И покрај размената на заробениците, двете рунди преговори во Истанбул не донесоа напредок за прекин на огнот.