„Русија сее терор во Украина, па затоа ќе го зајакнеме штитот што го штити нашиот воздушен простор“, порача генсекот на НАТО, додавајќи дека за да се одржи кредибилното одвраќање и одбрана, на НАТО му е потребно зголемување на воздушната и ракетната одбрана за 400 проценти
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, повика на квантен скок во одбранбените капацитети, вклучително и зголемување на воздушната и ракетната одбрана на Алијансата од 400 проценти, за заштита од Русија.

„Русија сее терор во Украина, па затоа ќе го зајакнеме штитот што го штити нашиот воздушен простор“,
рече Руте во говорот пред тинк-тенкот „Чатам Хаус“ во Лондон.
Шефот на воената алијанса посочи дека за да се одржи кредибилното одвраќање и одбрана, на НАТО му е потребно зголемување на воздушната и ракетната одбрана за 400 проценти.
„Факт е дека ни е потребен квантен скок во нашата колективна одбрана“,
додаде генсекот на НАТО.
Коментарите на Руте доаѓаат пред самитот на НАТО во Холандија овој месец, на кој, како што најави претходно, ќе им предложи на земјите членки да го зголемат нивото на трошоците за одбраната на пет проценти од БДП.