Според информациите од болницата каде што бил пренесен Урибе, политичарот бил застрелан двапати во главата и еднаш во коленото

Кандидатот за претседател на Колумбија на изборите следната година, сенаторот Мигел Урибе, е ранет за време на предизборен митинг во саботата во Богота.
Видео објавено на социјалните мрежи го прикажува 39-годишниот политичар како држи говор на предизборен митинг во западниот дел од главниот град кога се слушнале истрели. Други снимки го прикажуваат како лежи на покривот од возилото, со тело покриено со крв.
Според информациите од болницата каде што бил пренесен Урибе, политичарот бил застрелан двапати во главата и еднаш во коленото.
Светските медиуми пишуваат дека полицијата уапсила 15-годишен осомничен на местото на настанот.
Сопругата на Урибе, Марија Клаудија Таразона, ја повика нацијата да се моли за неговиот живот.
„Мигел моментално се бори за својот живот. Да го молиме Бога да ги води рацете на лекарите кои го лекуваат“,
рече таа.
Партијата на Урибе, Демократски центар, го осуди нападот, велејќи дека тој ги загрозува „демократијата и слободата во Колумбија“.
Владата на претседателот Густаво Петро изјави дека „категорично и енергично“ го осудува нападот како „чин на насилство не само против неговата личност, туку и против демократијата“.
Државниот секретар на САД, Марко Рубио, исто така, го осуди пукањето како „директна закана за демократијата“.
Урибе ја објави својата кандидатура за претседателските избори следната година во октомври.