Надвор од Киев, во руските воздушни напади се погодени и градот Луцк и Тернополскиот Регион на северозапад. Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека Русија мора да сноси одговорност за нападите
Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во руски ракетен напад на Киев во текот на ноќта. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека операциите за пребарување и спасување се во тек на неколку локации.
Портпаролот на украинските воздухопловни сили Јури Ихнат соопшти дека во текот на ноќта Русија извршила огромен воздушен напад на Украина во кој лансирала 407 дрона, 38 крстосувачки и шест балистички ракети, што е втор најголем руски воздушен напад од почетокот на инвазијата.

Во нападот се оштетени цивилни објекти.

Надвор од Киев, во руските воздушни напади се погодени и градот Луцк и Тернополскиот Регион на северозапад.
Градоначалникот на Луцк рече дека во нападот на северозападниот град Русија употребила 15 дрона и шест ракети, при што се повредени пет лица. Оштетени се домови, училишта и државен објект. Во регионот на Тернопол се предизвикани пожари на повеќе места.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека Русија мора да сноси одговорност за нападите.
„Од првата минута од оваа војна, тие напаѓаат градови и села за да уништат животи. Направивме многу заедно со светот за да ѝ овозможиме на Украина да се одбрани. Но, сега е моментот кога Америка, Европа и целиот свет можат заедно да ја запрат оваа војна со притисок врз Русија. Ако некој не врши притисок – тоа е соучество и одговорност. Мораме да дејствуваме решително“,
порача Зеленски во објава на социјалните мрежи по синоќешниот масовен напад.
Russia doesn`t change its stripes – another massive strike on cities and ordinary life. They targeted almost all of Ukraine – Volyn, Lviv, Ternopil, Kyiv, Sumy, Poltava, Khmelnytskyi, Cherkasy, and Chernihiv regions. Some of the missiles and drones were shot down. I thank our… pic.twitter.com/O1iemSp3s2
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) June 6, 2025