Во „Ренова“ има 4, додека во „Шкендија“ се двајца
Фудбалските клубови „Ренова“ и Шкендија“ објавија дека имаат заболени фудбалери со ковид-19.
„Ренова“ преку својот официјален клупски Фејсбук прфил ги потврди шпекулациите дека има заразени со коронавирус во нејзините редови.
„За жал во нашиот клуб имаме 4 позитивни случаи на ковид- 19. Имињата на луѓето ќе ги објавиме следните денови, не дека сакаме да ги чуваме во тајност, туку треба да се направи вториот тест и овие случаи треба да се докажат. Целиот тим на ФК ‘Ренова’ откажа секаква активност се’ додека не добиеме препораки од надлежните органи. Сега нас како клуб и како семејство не ни е грижа дали ќе се игра овој шампионат или не, туку се грижиме само за здравјето на нашите членови и нивните семејства. Се надеваме дека некои други почнаа да разбираат колку е сериозна оваа состојба. Здравјето пред сè. Заедно ќе ги надминеме сите предизвици“,
се вели во објавата од „Ренова“.
Освен во „Ренова“, заразени со коронавирусот има и две заразени лица и во „Шкендија“.
Пред неколку дена македонскиот фудбалер Изаир Емини од Тетово, кој сега настапува за клубот „Дрита“ во Косово, објави дека е позитивен на коронавирус.
