Во делови на Скопје ќе има услови за краткотрајно невреме
Времето денеска ќе биде облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Пообилни врнежи ќе има кон крајот на денот и во текот на ноќта, особено во источните и јужните делови од земјата.
Минималната температура ќе биде од осум до 15 степени, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.
И во Скопје ќе биде облачно и нестабилно со повремен дожд.
Во делови на котлината ќе има услови за краткотрајно невреме.
Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 21 степен.
И утре времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи.
Врнежите ќе бидат пообилни со источните делови, каде што ќе достигнат над 30 литри на квадратен метар.
Дожд ќе врне и во понеделник.