На онлајн седницата која се одржа утрово Владата одлучила да се запрат сите распоредувања и унапредувања на работните места во Министерството за внатрешни работи.
„Владата донесе заклучок да го задолжи Министерството за внатрешни работи да ги стопира тековните постапки за распоредувања и унапредувања во министерството, бидејќи се спротивни на одредбите од Законот за Влада“,
соопштија од прес-службата.
На тема распоредувања, министерот Наќе Чулев, утрово соопшти дека Управниот суд одлучил во негова полза. Тој поднел тужба бидејќи во февруари Владата му поништила решенија за распоредување, па судот му ја прифатил тужбата и ги поништил одлуките на Владата.
