Во инцидентот, како што информираат кумановските пожарникари, нема повредени лица

Кумановските пожарникари интервенирале во гаснење пожар на патнички автомобил „бе-ем-ве“, кој се запалил во движење на автопатот во близина на граничниот премин „Табановце“. Инцидентот се случил вчера околу 23:10 часот.
Возилото со кумановски регистарски ознаки го управувал 23-годишниот Д. П. од Куманово. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово, со едно возило и четворица пожарникари, десетина минути пред полноќ.
Во инцидентот, како што информираат кумановските пожарникари, нема повредени лица. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.