За деновите од викендот, од Управата за хидрометеоролошки работ најавуваат променливо облачно и посвежо време, со повремен локален дожд
Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), се очекуваат врнежи од дожд, кои локално ќе бидат проследени со грмежи.

Врнежите ќе бидат пообилни, особено во јужните делови од земјата, каде се очекува да наврна од 20 до 30 литри воден талог на квадратен метар, а во останатите од 10 до 15 литри на квадратен метар.
Минималната температура ќе се движи во интервал од четири до 11 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 14 до 26 степени.
Во Скопје, според синоптичарите, се очекува слично време, променливо облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до 25 Целзиусови степени.
За деновите од викендот, од Управата за хидрометеоролошки работ најавуваат променливо облачно и посвежо време, со повремен локален дожд.