Во текот на викендот ќе продолжи променливо облачно и нестабилно време, а од вторник се очекува стабилизирање на времето
Променливо облачно и нестабилно со повремен локален дожд и грмежи – вакво време најавува Управата за хидрометеоролошки работи за денеска. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 6 до 11 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 13 до 26 степени.
Времето во Скопје ќе биде променливо облачно. Во делови од котлината попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер. Температурите ќе се движат од минимални 11 до максимални 25 степени.
Во текот на викендот, според УХМР, ќе продолжи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Од вторник се очекува стабилизирање на времето.