На снимката се гледаат неколку припадници на ИДФ во операција за „чистење“ на куќа во Газа. Не е познато кога е снимено видеото
Ситуацијата во Појасот Газа и понатаму е обележана со интензивни израелски воздушни и копнени напади, како и катастрофална хуманитарна криза.
Според најновите извештаи, израелските сили извршиле нова серија напади низ Газа, при што само вчера загинале најмалку 26 лица, вклучувајќи деца, а десетици биле ранети. Извршен бил напад и врз училиштето каде што се наоѓало засолништето во Газа и најмалку десет лица, меѓу кои и едно дете, ги загубиле животите во пожарот предизвикан од нападот, додека многу други биле заробени под урнатините.
На социјалната мрежа Икс е објавено видео од блиска борба меѓу припадници на израелските вооружени сили (ИДФ) и бригадите „Касам“ на Хамас.
Предупредуваме, видеото подолу е со вознемирувачка содржина.
INTENSE close-range clash between Hamas Qassam fighters and Israeli troops inside a Gaza home. pic.twitter.com/rKYWFnZFvH
— Clash Report (@clashreport) April 22, 2025
На снимката се гледаат неколку припадници на ИДФ во операција за „чистење“ на куќа во Газа. Не е познато кога е снимено видеото.
„Забранета зона“
За потсетување, Обединетите нации и хуманитарните организации предупредуваат дека повеќе од 60 отсто од територијата на Газа е прогласена за „зона без пристап“, додека повеќе од 140 000 луѓе се раселени само во последниот месец.
Делегација на Хамас отпатува во Каиро за да разговара за новите предлози за прекин на огнот со египетските посредници откако минатата недела ја отфрли израелската понуда за 45-дневно примирје во замена за ослободување на заложниците. Израел побара целосно разоружување на Хамас, што тие го одбија.
Според податоците на Министерството за здравство во Газа, од продолжувањето на израелската офанзива во март, убиени се речиси 1 900 луѓе, додека вкупниот број загинати од почетокот на војната надмина 51 000.