„Во секој случај, Уставот мора да се промени. Премиерот со право сака некаква гаранција дека ова е последниот услов, дека нема да има други услови за Македонија. Се надевам дека ќе се најде некакво решение меѓу Скопје и Софија, дури и со гаранции од Брисел и Вашингтон, за да се помине овој период, кој е многу важен за Република Северна Македонија“, вели Таравари за БГНЕС
Оптимист сум дека ќе се најде решение меѓу Софија и Скопје за да можеме да го надминеме овој кризен период и да започнеме преговори со Европската Унија. Во секој случај, Уставот мора да се промени вели во интервју з абугарската агенција БГНЕС, министерот за здравство и лидер на Алијанса за Албанците Арбен Таравари.
„Премиерот (Мицкоски) сака некаков вид гаранција за да нема нови услови, бидејќи патот на Северна Македонија кон членството во НАТО беше тежок. Оптимист сум дека ќе се најде решение меѓу Софија и Скопје за да можеме да го надминеме овој кризен период и да започнеме преговори со ЕУ“,
вели Таравари.
На прашањето, дали се бара решение надвор од Преговорачката рамка, Таравари е дециден дека Уставот мора да се смени.
„Во секој случај, Уставот мора да се промени. Премиерот со право сака некаква гаранција дека ова е последниот услов, дека нема да има други услови за Македонија. Се надевам дека ќе се најде некакво решение меѓу Скопје и Софија, дури и со гаранции од Брисел и Вашингтон, за да се помине овој период, кој е многу важен за Република Северна Македонија“,
посочува Тараври.
На прашањето, што се случува во коалицијата ВЛЕН, која е дел од Владата, министерот за здравство одговара:
„Ништо посебно. Нашата партија Алијанса за Албанците ќе учествува на изборите самостојно, а другите три партии ќе продолжат заедно како коалиција ВЛЕН. Баравме листите за советници да бидат одвоени, тие сакаа да бидат заеднички и затоа настапувавме со свои кандидати за градоначалник и општински советници. Нема конфликт меѓу партиите во коалицијата, само недоразбирања. Ние, со оглед на анкетите, гледаме дека само Алијансата за Албанците е голема колку овие три партии заедно. Затоа првично побаравме само листите за општински советници да бидат одвоени, а кандидатите за градоначалници да бидат заеднички за ВЛЕН. Другите три партии не прифатија и ние решивме, да одиме сами на изборите“,
вели Таравари.