Меџити на прес-конференција по состанокот на коалицијата, на кој беа и лидерите на Беса, Биљал Касами, и на Алтернатива, Зеќирија Ибраими, кажа дека Таравари ќе мора да даде објаснување пред Албанците, но и пред гласачите на ВЛЕН за својата постапка. Според него, настапот на локалните избори на ВЛЕН веќе бил договорен, а одлуката на Таравари да оди со свои листи на изборите не се базира ниту на ставовите на партиската база, ниту на мислењето на гласачите на Алијансата на Албанците, ниту, пак, на независните анкети, туку е во интерес на ДУИ
Oдлуката за настап со одделни советнички листи за советници на Алијанса за Албанците, предводена од Арбен Таравари, е донесена во интерес на ДУИ, чија суштина јавноста многу бргу ќе ја разбере, изјави денеска претседателот на Демократското движење и вицепремиер во Владата, Изет Меџити, по состанокот на лидерите и високи функционери на коалицијата ВЛЕН.

Како што посочи Меџитии, ВЛЕН не го исклучила Таравари од коалицијата, туку тој се самоисклучил. Според него, ваквата одлука на актуелниот министер за здравство претставува проблем и за Владата, но засега нема одговор дали ќе бараат негово разрешување од министерската функција.
Состанокот на коалицијата ВЛЕН се одржа откако Таравари вчера објави дека тој и неговите сопартијци одлучиле на локалните избори во октомври да настапат со самостојни советнички листи.
Меџити на прес-конференција по состанокот на коалицијата, на кој беа и лидерите на Беса, Биљал Касами, и на Алтернатива, Зеќирија Ибраими, кажа дека Таравари ќе мора да даде објаснување пред Албанците, но и пред гласачите на ВЛЕН за својата постапка. Според него, настапот на локалните избори на ВЛЕН веќе бил договорен, а одлуката на Таравари да оди со свои листи на изборите не се базира ниту на ставовите на партиската база, ниту на мислењето на гласачите на Алијансата на Албанците, ниту, пак, на независните анкети, туку е во интерес на ДУИ.
Коалицијата ВЛЕН, како што информира Меџити, денеска одлучила на локалните избори да настапи со заеднички советнички листи и кандидати за градоначалници, а во наредните денови ќе се формираат и заеднички изборни штабови.
„Притоа им упатувам повик на сите членови, симпатизери, гласачи и функционери на АА да се дистанцираат од политиката на поделби на господинот Таравари, спонзорирана од ДУИ и други експоненти на олигархијата, и да останат во коалицијата ВЛЕН бидејќи есента носи нова победа и нова политичка сцена“,
рече Меџити.
Претседателот на Демократското движење изнесе тврдења дека Таравари веќе неколку месеци преговарал со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со, како што кажа, вмешаност на одредени личности од олигархијата. Според Меџити, целта била враќање на ДУИ од клиничка смрт.
„Колкава била цената на оваа операција и дали вредело, сето тоа ќе се дознае многу брзо“,
рече Меџити.
Во однос на тоа дали АА и Таравари ќе останат дел од ВЛЕН, Меџити рече дека Таравари со чекорите шти ги презел, практично сам се самоисклучил.
„Имате изјава од Таравари дека има понуда од ВЛЕН, 35-40 отсто во полза на АА. Значи и тоа не му беше доволно. И покрај тоа што се апсолвираа сите политички аргументи и беше фаворизирана уште еднаш АА, него не му беше важна понудата, не му беа важни преговорите со ВЛЕН бидејќи има склучен договор со ДУИ, и на некој начин тој е самоисклучен. Оваа коалиција е составена од пет политички чинители и за сите одлуки ние сме преговарале, имало и различни размислувања, но на крај сме имале заеднички став. Никогаш немало надгласување, а во никој случај немало една политичка партија да донесе сопствена одлука. Посебно ова е неаргументирано и не држи што оди со посебни листи. Ние сме кај големите, тој сака да биде во функција на ДУИ“,
рече Меџити.