Вчера потрагата се одвивала во реонот на селото Степанци, а за утре се најавува пребарување на поголем реон

Сè уште трае потрагата по исчезнато повозрасно лице од штипското село Степанци, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Лицето, како што велат оттаму, за исчезнато е пријавено на 7 април во 16:20 часот на единствениот повикувачки број за итни случаи 112, а последен пат било видено два дена претходно на 5 април.
За исчезнатото лице биле известени Министерството за внатрешни работи и Општина Штип, како и други институции и служби, здруженија и граѓани коишто можат да помогнат.
Во текот на вчерашниот ден од ЦУК велат дека потрагата се одвивала во реонот на селото Степанци, а за денеска додаваат дека нема да има потрага освен од страна на неговите поблиски роднини и пријатели.
„За утре, 12 април, ќе се организира потрага на поголем реон. Планирано е да бидат вклучени по десет полицајци и извидници – членови на Извиднички одред ’Еквинокс – Штип’, ловци – членови на ЛЗ ’Ловец’ од Штип, доброволци – вработени од РЦУК Штип, лица од локално население од блиските села околу Степанци, а и роднини на исчезнатото лице“,
наведуваат од ЦУК.