Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 10 април 2025 г. на МРТ 1
Теми за ова издание на емисијата:
– Битола мој роден крај – ѓубриште или регионална депонија по стандарди; оправдани ли се стравувањата на дел од битолчани – репортажа;
– Како автобусите од Бунарџик донесоа царина од 33% од САД – анализа;
– Зошто Владата најми адвокатска куќа што ќе го чешла договорот склучен од претходната влада за набавка на хеликоптери за Армијата од италијански „Леонардо“;
– Кај полошкото село Стенче, познато по мед, се продаваат државни парцели за изградба на фотоволтаични централи;
– „Саботажа“.