Покрај честитиките до номинираните нови челници на Европската унија, ВМРО-ДПМНЕ изнесе низа критики до владата дека причините зошто, како што велат од опозицијата, С. Македонија не напредува не треба да се бараат од европските престолнини и од Брисел, туку дома. Оваа влада на Заев ништо не испорача – вели Влатко Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Драго ми е, мило ми е, за поздравување е што нова претседателка на ЕК ќе биде Урсула фон дер Лејен, од ЦДУ од Германија, добар пријател на Европската народна партија, добар пријател на Конрад Аденауер фондацијата. Се надеваме на соработка со неа. Но, главниот пробелма на Македонија е дома, кога имаме власт со секојдневни скандали, кога имаме економска катастрофа, тогаш имаме проблем дома и се повеќе тоа светот ни го соопштува. Заев и неговите 28 министри не можат да испорачаат реформи и владеење на право, економски реформи и затоа го имаме она што го имаме како исход, а тоа е дека порано Македонија во времето на ВМРО-ДПМНЕ ја блокираше само Грција, а сега бројот на земји што имаат сериозни и основани приговори кон Македонија со секој месец се зголемува“, изјави Влатко Ѓорчев.