Пожарот, според информации на Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, првично избил во патничко возило марка „цитроен ксара“ со скопски регистарски таблички, управувано од М. Г. од Скопје. Потоа со пламен е зафатено возило марка „фиат пунто“, како и фасада од зграда
Од пожарот што денеска изби во патничко моторно возило во близина на Клиниката за гинекологија во Скопје, зафатени се уште едно возило и фасада на зграда, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Оттаму додаваат дека во пожарот нема повредени.

„Во 09:50 часот е пријавено дека на улицата ‘Владимир Назор‘ во Скопје гори патничко возило марка ‘цитроен ксара‘ со скопски регистарски таблички, управувано од М. Г. од Скопје. Од пожарот е зафатено и возило марка ‘фиат пунто‘, како и фасада од зграда“,
се вели во соопштението од МВР.
Во изјава за „360 степени“, командирот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Ѕвонко Томевски, рече дека дојавата за пожар е добиена утрово по 9 часот, а на терен интервенираа четворица пожарникари со едно противпожарно возило.
„Пожарот е веќе изгаснат и екипите се враќаат во централата“,
рече тој.
Посочи дека освен причинета материјална штета немало опасност од ширење на пожарот.