По документирање на случајот, од МВР велат дека ќе биде поднесена соодветна пријава

Четириесет годишниот грчки државјанин С.П.П. вчера е лишен од слобода поради сомнение дека давал поткуп при гранична контрола на граничниот премин „Табановце“, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Тој вчера, во 10:05 часот, на „Табановце“ на влез во земјава на увид дал документи за патничко возило „форд“ со германски национални ознаки кое го управувал, а во зелениот картон ставил банкнота од пет евра.
Полициските службеници го лишиле од слобода за сторено кривично дело давање поткуп од член 358 став 1 од Кривичниот законик, а по документирање на случајот од МВР велат дека ќе биде поднесена соодветна пријава.