Во Скопје утрото ќе биде ведро и студено, преку ден сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 15 степени
Времето денеска наутро ќе биде ведро и студено, а преку ден сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, информираат од УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од 8 до 16 Целзиусови степени.
Во Скопје исто така утрото ќе биде ведро и студено, преку ден сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 15 степени.
Според прогнозата на УХМР, следува период на стабилно и потопло време, освен утре (четврток) кога ќе има локални врнежи од дожд, а на планините снег.
Утринските и дневните температури ќе бидат во постепен пораст.