Советникот за трговија во Белата куќа рече дека компанијата „Тесла“, во која Маск има удел, не е производител, туку само склопувач на автомобили, истовремено коменитирајќи го неговиот став за царините и трговските политики
Маск тврди дека „Тесла“ има најмногу автомобили произведени во Америка, додавајќи дека „Наваро е поглупав од вреќа тули“
Технолошкиот магнат и шеф на Канцеларијата за владина ефикасност на САД, Илон Маск, остро реагира[e на изјавите на Питер Наваро, еден од главните советници за трговија на американскиот претседател Доналд Трамп, нарекувајќи го вистински глупак, пренесува Си-ен-ен.
Овој коментар Маск го даде како одговор на интервјуто на Наваро, дадено за Си-ен-би-си.

Советникот за трговија во Белата куќа рече дека компанијата „Тесла“, чиј сопственик е Маск, не е производител, туку само склопувач на автомобили, истовремено коменитирајќи го неговиот став за царините и трговските политики.
Ваквата дебата доаѓа откако Трамп најави широко распространети царини за голем дел од земјиte, предизвикувајќи нестабилност на пазарот и веројатно зголемување на цената на автомобилите за илјадници долари.
„Во многу случаи, ако одите во неговата фабрика во Тексас, добар дел од моторите што ги добива, доаѓаат од Јапонија или од Кина. Електрониката доаѓа од Тајван“,
рече Наваро.
Посочи дека имаат разлики во размислувањата со Илон.
„Сакаме менувачи за автомобили произведени во Индијанаполис. Сакаме мотори направени во Флинт и Сагино. И сакаме автомобилите да се произведуваат овде“,
додаде тој.
Tesla has the most American-made cars. Navarro is dumber than a sack of bricks. @IfindRetards @RealPNavarro https://t.co/gECgtZt5Sc
— Elon Musk (@elonmusk) April 8, 2025
Маск во објава на платформата Икс рече дека Наваро е вистински глупак.
Маск тврди дека „Тесла“ има најмногу автомобили произведени во Америка, додавајќи дека „Наваро е поглупав од вреќа тули“.
Маск има различен став од Трамп за тарифите. На Икс постојано објавува видеа за слободна трговија меѓу земјите, посочувајќи дека треба да има нула отсто царини меѓу САД и Европа.
„Вашингтон пост“ објави дека Маск лично побарал од Трамп да ги укине царините.