Претседателот Луис Абинадер на социјалната мрежа Икс напиша дека сите спасувачки агенции работат неуморно за да им помогнат на погодените
Најмалку 15 лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени откако рано утрово падна покрив во ноќен клуб во главниот град на Доминиканската Република, соопштија тамошните власти.

„Екипите бараа преживеани во урнатините во ‘Џет сет’ во Санто Доминго. Претпоставуваме дека многу од нив се уште се живи и затоа властите овде нема да се откажат додека ниту еден човек не остане под тие урнатини“,
изјави Хуан Мануел Мендез, директор на Центарот за итни операции.
Меѓу повредените е и пејачката Руби Перез, која настапувала кога се урнал покривот, соопштија официјални лица.
Претседателот Луис Абинадер на социјалната мрежа Икс напиша дека сите спасувачки агенции работат неуморно за да им помогнат на погодените.
„Длабоко жалиме за трагедијата што се случи во ноќниот клуб ‘Џет сет’. Го следиме инцидентот од минута во минута откако се случи“,
напиша тој.
Причините за уривањето на покривот сè уште не се познати.