Епицентарот е на околу 35 километри од Елбасан
Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во Албанија, информира Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Епицентарот е на околу 35 километри од Елбасан.
Засега нема потврда за причинета материјална штета.
Потресот е почувствуван и во југозападните делови на земјата, особено во Охридско-струшкиот регион.