На бројот 070 270 370 семејствата на повредените можат да ги добијат сите потребни детали, за потоа Владата да може ефикасно да ја организира поддршката што им е потребна и да го олесни ваквиот процес
На бројот 143 400 граѓаните можат да донираат за настраданите од пожарот во Кочани, информираат од Владата,.
За управување со официјалната сметка за донации, Владата соработува со Црвениот крст на Град Скопје.

Одлуката е донесена, како што вчера најави портпаролката на Владата, Марија Митева, со цел да се елиминираат сите дилеми за тоа каде и како донираме.
„Ова осигурува дека секој придонес оди токму онаму каде што е најпотребно. Спречување на злоупотреба и конфузија. За жал, во овие тешки времиња, дезинформациите може да се шират и сакаме да спречиме каква било несигурност околу каналите за донации. Доверба и транспарентност – Црвениот крст веќе има досие за управување со ваква помош“,
соопшти порпаролката.
На бројот 070 270 370 семејствата на повредените можат да ги добијат сите потребни детали, за потоа Владата да може ефикасно да ја организира поддршката што им е потребна и да го олесни ваквиот процес.
Владата ќе ја преземе одговорноста за покривање на трошоците за транспорт и сместување, обезбедувајќи семејства да бидат покрај своите најблиски.