„Имаме состаноци во Владата, по што ќе се знае како таа помош ќе може да се канализира. Јавноста навремено ќе биде информирана за чекорите што ќе следуваат“, рече Мицкоски
Ќе биде отворена сметка за донации по трагичната несреќа во Кочани, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски по посетата на пациентите што се хоспитализирани на Клиничкиот центар во Скопје.

„Како Влада остануваме фокусирани. Во 14 часот имаме повторно состанок, а во 17 часот имаме уште еден таков состанок. Потоа, ќе се знае како таа помош ќе може да се канализира. Јавноста навремено ќе биде информирана за чекорите што ќе следуваат“,
рече тој.
Изрази благодарност за сите што се хумани и сакаат да помогнат.
„Борбата ќе продолжи во деновите што следат. Се прават натчовечки напори за сите пациенти да бидат стабилни да си одат дома во полна здравствена кондиција и состојба“,
кажа Мицкоски.
Досега во Скопје на лекување се 84 пациенти. Министерот за здравство Арбен Таравари најави дека денеска ќе ги посети пациентите што беа пренесени во болниците во Софија и во Солун.