Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес-конференција рече дека на Институтот за судска медицина досега е завршена обудкцијата на 15 лица

На Институтот за судска медицина и криминалистика интензивно се работи на обдукција и на процесот на идентификација на телата на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани, вели директорот Александар Станков во изјава за МИА.
Тој вели дека интензивно се работи и на утврдување на причините за смртта, со цел, како што вели, да се заврши работата побрзо и да може роднините што поскоро да ги преземат посмртните останки од нивните блиски.
Тој додава дека работат во тимови заедно со претставници на Министерството за внатрешни работи, но не откри детали до каде е со процесот, односно кога би бил завршен и што е утврдено со обдукциите досега.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес-конференција рече дека на Институтот за судска медицина досега е завршена обудкцијата на 15 лица.
Во пожарот што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани животот го загубија 59 млади лица, а над 150 настрадани се згрижени во земјава и странство.
