Како што соопшти Владата, Министерството ќе обезбеди целосна поддршка во сите законски постапки, осигурувајќи дека секоја прекршување на законот и злоупотреба на позицијата за лични профити ќе се третираат со соодветна сериозност
Министерстовото за труд и економија изразува подготвеност за соработка со надлежните органи во процесот на истражување и расветлување на трагедијата која се случи во Кочани, објави вечерва Владата на својата веб-страница.
„Министерството ќе обезбеди целосна поддршка во сите законски постапки, осигурувајќи дека секоја прекршување на законот и злоупотреба на позицијата за лични профити ќе се третираат со соодветна сериозност“,
пишува во соопштението од Владата.
Оттаму посочуваат дека граѓаните имаат право да бидат информирани на вистински начин и да побараат отчетност.
„Министерството за економија и труд е посветено на гарантирање дека законот ќе се почитува и правдата ќе биде воспоставена“,
информираат од Владата.
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вечерва на прес-конференција потврди дека поранешниот министер за економија Крешник Бектеши е на распит во полициската станица „Карпош“.