Претходно, шефот на кабинет на украинскиот претседател, Андриј Јермак, изјави дека разговорите меѓу САД и Украина започнале многу конструктивно
На пауза од средбата на делегациите на САД и Украина, која влегува во својот четврти час, советникот за национална безбедност Мајк Волц на прашање на новинарите како течат разговорите, рече дека тие се движат кон својата цел. Волц беше пресретнат од новинарите во хотелот во Џеда, во кој се одржуваат разговорите со украинските претставници, додека шета низ лобито со државниот секретар на САД, Марко Рубио.

Претходно шефот на кабинет на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак, изјави дека разговорите меѓу Соединетите Држави и Украина започнале многу конструктивно.
„Средбата со американскиот тим започна многу конструктивно. Работиме за постигнување праведен и траен мир“,
рече Јермак кој е дел од украинската делегација заедно со министрите за надворешни работи и за одбрана.
За време на паузата од состанокот, Јирмак објави дека разговорите се во тек.
