Според опозицијата, фактот што во огласот се бара компанијата да има градено мостови, што нема никаква врска со предметот на набавката е јасен сигнал за истражните органи дека оваа спогодба е договарана и затоа мора да се поведе постапка по неа
Откако премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Арбен Таравари се фатени во криминал, под притисок на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) и на јавноста, се повлекоа. Ова денеска го соопшти опозициската партија, отккао Таравари на прес-конференција соопшти дека нема да биде склучен договор со „Ѓока констракшн“, фирмата од Албанија која беше единствената пријавена на огласот за изградба на катните гаражи и стопанисување на паркингот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
„Јавноста и граѓаните знаат дека целиот договор е предвреме договорен и затоа мора да има оидговорност. Поништувањето на огласот не го побива фактот дека Владата сама се согласила уште при повикот концесионерот да и плаќа само еден отсто на државата. Ова е најдобар доказ дека огласот бил однапред правен за ‘Ѓока констракшн“, а на штета на граѓаните и пациентите“,
се вели во соопштението на СДСМ.

Според опозицијата, фактот што во огласот се бара компанијата да има градено мостови, што нема никаква врска со предметот на набавката е јасен сигнал за истражните органи дека оваа спогодба е договарана и затоа мора да се поведе постапка по неа.
„Бараме итна и неоповиклива оставка од Таравари и истрага од институциите. Ако ова остане без разрешница, јасно е дека истото ќе се повтри со друга компанија и за секоја следна набавка“,
велат од СДСМ.
Посочија и дека сите скандали што ги објавија потврдуваат оти постои сериозна тендерска мрежа со цел да се испумпа буџетот кон приватни компании.
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска соопшти дека нема да биде склучен договор со „Ѓока констракшн“, фирмата од Албанија која беше единствената пријавена на огласот за изградба на катните гаражи и стопанисување на паркингот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Посочи дека во моментов се разгледуваат две опции за стопанисување со паркингот на Клинички.
