Новото издание на емисијата „360 степени”, во кое гостуваат министерот Стефан Андоновски, директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски, и извршниот директор на ЗНМ, Драган Секуловски, се емитува вечерва (10 март 2025 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1 дебатираме за регулацијата на онлајн медиумите или интернет-порталите, кои за одредени категории граѓани од поодамна се прв извор на информирање. Измените и дополнувањата на Законот за медиуми со кои треба да се направи тоа се подготвени и веќе се во владина процедура – утре најверојатно ќе се најдат и на владина седница. Што предвидуваат тие и може ли уште сега да се препознаат одредени проблематични точки, разговараме со:
– Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација, чија надлежност се и законите од медиумската сфера;
– Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, која ќе треба да го води регистарот на интернет-портали;
– Драган Секуловски, извршен директор на Здружението на новинарите на Македонија, како засегната страна во овој процес;
– Катерина Чалоска-Алексовска, помошник на главниот државен ревизор за ревизија на политичките партии, ДКСК, ДИК, АВМУ и следење на изборниот процес.
Најделикатниот услов за еден интернет портал да влезе во регистарот е да има „најмалку три лица во редовен работен однос“. Како министерството на Андоновски стигнало до таа бројка и што ќе значи тој услов за локалните и регионалните портали. Може ли регистарот утре (по евентуални измени на Изборниот законик) да биде основа за порационално и подомаќинско трошење на државните пари за предизборно онлајн рекламирање?
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.