Од Министерството за внатрешни работи на Зеничко-добојскиот кантон засега не може да дадат информации за начинот на убиството ниту дали убиецот се обидел да ги прикрие трагите од убиството и да исече делови од телото на жртвата

Момче од местото Високо во Федерацијата Босна и Херцеговина е уапсено под сомнение дека извршило убиство на 24-годишник од Сараево П.Е, информираат од Оперативниот центар на Министерството за внатрешни работи на Зеничко-добојскиот кантон (МВР ЗДК).
„Синоќа во 18:35 часот во просториите на полициската станица Високо влегло лице со иницијали И.М., родено 2006 година и рекло дека Б.Д., роден 2001 година во својот стан го убил П.Е. од Сараево. Полицијата пристигнала на местото на настанот и утврдила дека во станот во населбата Лука 3 е најден починат маж. Полицијата го привела осомничениот Б.Д.“,
изјавил дежурниот службеник во Оперативниот центар.
Според неофицијални информации, двајцата биле добри пријатели и работеле заедно во странство. Неофицијално се расправале за девојка.
Локалните медиуми пишуваат дека по убиството осомничениот се обидел да го исече телото на парчиња за да ги прикрие трагите.
Од Министерството за внатрешни работи на Зеничко-добојскиот кантон засега не може да дадат информации за начинот на убиството ниту дали убиецот се обидел да ги прикрие трагите од убиството и да исече делови од телото на жртвата.
Според информациите на што ги пренесува порталот Високо.ба, убиството наводно се случило во 3 часот по неколкудневна забава во стан во населбата Лука, во близина на Градскиот стадион.
Во соопштението од МВР се додава дека полициски службеници ја лишиле од слобода и Х.П. (1980) од Високо поради основано сомнение дека сторила кривично дело по член 345 од Кривичниот законик на Федерацијата Босна и Херцеговина, непријавување кривично дело или сторител, а против неа е поднесена и кривична пријава.
Во текот на ноќта припадници на Секторот за криминалистичка полиција при МВР на ЗДК под надзор на дежурниот кантонален обвинител извршиле увидни активности на самото место.
Денеска, по комплетирање на информациите и доказите, двајцата осомничени ќе бидат предадени во надлежност на Кантонското обвинителство на Зеничко-добојскиот кантон со пријава за сторено кривично дело.