Расте загриженоста кај Полјаците за безбедноста на земјата по одлуката на претседателот Трамп да ја прекине воената помош за Украина. Повеќето Полјаци веруваат дека поддршката на Украина е клучна за нивната безбедност
Полска, која граничи со Украина, оваа година ќе одвои 4,7 отсто од својот БДП за одбраната, што е највисок процент меѓу членките на НАТО.
Од руската инвазија на Украина во 2022 година, Полска значително ги зголеми трошоците за одбрана. Таа потпиша договор во вредност од околу 20 милијарди долари со САД за купување на 250 тенка „М1А2 абрамс“, 32 борбени авиони Ф-35, 96 хеликоптери „апачи“, ракети „џавелин“ и ракетни системи. Таа, исто така, потпиша договори со Јужна Кореја за купување тенкови К2 и лесни борбени авиони ФА-50.
Расте загриженоста кај Полјаците за безбедноста на земјата по одлуката на претседателот Трамп да ја прекине воената помош за Украина. Повеќето Полјаци веруваат дека поддршката на Украина е клучна за нивната безбедност.
И оваа сезона е зголемен интересот за изградба на подземни засолништа. Заменик-градоначалникот на Милановек, Мирослав Казновски, откри дека неговиот пријател инвестира во стартап кој гради евтини подземни засолништа за бизниси и домови, а интересот, како што вели, е голем.
Полскиот премиер Доналд Туск реагираше на синоќешните напади во Украина, во кои загинаа најмалку 20 лица.
„Вака изгледа кога некој ќе им попушти на варварите. Повеќе бомби, повеќе агресија, повеќе жртви. Уште една трагична ноќ во Украина“,
напиша тој на платформата Икс.
This is what happens when someone appeases barbarians. More bombs, more aggression, more victims. Another tragic night in Ukraine.
— Donald Tusk (@donaldtusk) March 8, 2025
Вчера Туск објави дека сите мажи во Полска ќе поминат воена обука, што би можело да го зголеми бројот на војници од сегашните 200 000 на околу половина милион – создавајќи резерва што ќе биде „споредлива и соодветна на потенцијалните закани“.