Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран кратко по 18 часот на Света Гора, јави МИА.

Епицентарот бил на 12 километри северозападно од градот Кареја на Пелопонез.
Земјотресот на третиот крак на Халкидики бил почувствуван и во Солун и во градови од северна Грција, а засега нема информации за материјална штета.
