Во оваа смисла, американскиот потпретседател додаде дека САД се грижат за независноста и сувереноста на Украина
Соединетите Американски Држави (САД) би можеле да ја санкционираат Москва доколку рускиот претседател Владимир Путин не се согласи на мировен договор со Украина, кој гарантира долгорочна независност на Киев, изјави американскиот потпретседател Џеј Ди Венс во интервју за „Волстрит џурнал“.

„Постојат економски алатки за влијание, а има и, се разбира, воени алатки за влијание коишто САД би можеле да ги употребат против Путин“,
изјави Венс за „Волстрит џурнал“.
Во оваа смисла, Венс додаде дека САД се грижат за независноста и сувереноста на Украина.
Според него, претседателот на САД би можел да се премисли во зависнот од тоа како течат преговорите.
„Трамп е отворен за сите опции. Тој ќе рече – ‘Сè е на маса, ајде да се договориме’“,
изјави Венс.
Доналд Трамп во средата имаше телефонски разговор со претседателот на Русија, Владимир Путин. Двајцата, како што соопшти, се согласиле „веднаш“ да започнат преговори за завршување на конфликтот во Украина.
Непосредно по разговорот со Путин, Трамп имаше разговор и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.