Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени”, емитувано на 27 јануари 2025 г. на МРТ 1, во кое гостува премиерот Христијан Мицкоски
Зошто власта не е спремна да преземе одговорност за недостигот на лекови за дел од пациентите на Клиниката за онкологија, е едно од прашањата за премиерот Христијан Мицкоски, кој гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Зошто и новото раководство на Клиниката склучило договор со веледрогеријата „Пановски“, вреден 2,3 милиони евра, ако таа ѝ била омилена на претходната власт, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ? Со премиерот разговараме и за неговата неодамнешна посета на САД за време на инаугурацијата на новиот претседател Доналд Трамп. Зошто Мицкоски не беше во Ротондата во Капитол Хил каде што Трамп ја даде заклетвата, како го коментира тоа што голем дел од гостите од Европа беа припадници на крајната десница, што беше улогата на вицепремиерот Изет Меџити, министерот Арбен Таравари и заменик-министерката Викторија Трајков во САД… Тема се и случаите со Бојан Христовски (АНБ) и Сашо Дранго („Македонија пат“), како и наводите на премиерот дека бил следен од една од разузнавачко-безбедносните агенции.