„Можеби би размислиле да го направиме тоа повторно. Не знам. Можеби ќе треба малку да го исчистиме“, рече Трамп на митинг во Лас Вегас, додека се пожали дека САД платила повеќе во глобалната здравствена агенција отколку Кина, која има многу поголема популација
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, од Лас Вегас најави дека размислува повторно да се приклучи на Светската здравствена организација – неколку дена по потпишувањето на извршната наредба со која се објавува намерата на Америка да ја напушти, јави агенцијата Ројтерс.
„Можеби би размислиле да го направиме тоа повторно. Не знам. Можеби ќе треба малку да го исчистиме“, рече Трамп на митинг во Лас Вегас, додека се пожали дека САД платила повеќе во глобалната здравствена агенција отколку Кина, која има многу поголема популација.
Трамп нареди САД да излезат од СЗО во понеделникот, наведувајќи го како причина, како што го опиша, лошото постапување со пандемијата на ковид-19 и други меѓународни здравствени кризи. Ова е втор обид на Трамп да ги повлече САД од СЗО.
Повлекувањето ќе генерира загуба од стотици милиони долари за основниот буџет на СЗО, што ќе ја попречи способноста на глобалната здравствена агенција ефикасно да одговори на појавата на заразни болести и други итни случаи ширум светот. СЗО го замрзнува регрутирањето и го намалува патувањето како одговор на повлекувањето на САД.
Во меѓувреме, се очекува САД да го изгубат пристапот до глобалната мрежа која го одредува составот на вакцината против грип секоја година.
