Дополнителната-заменик министерка Славјанка Петровска во денешното гостување во отвореното студио на ТВ 24 рече дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски барал случајот со теретаната да се реши побрзо. Нема потреба, порача таа, тој да врши притисок.
„Министерот Чулев се обиде да го одбрани и моментално се вештачат хард дисковите од теретаната. Целта на тоа вештачење е да се провери веродостојната на снимката и дали нешто е бришано од хард дисковите и затоа истрагата не е завршена. Нема потреба Мицкоски да врши притисок кај дополнителниот помошник министер во Одделот на внатрешната контрола за која имам службена белешка. Мицкоски бараше овој случај побрзо да се реши“,
рече Петровска за ТВ 24.
Снимката со Мицкоски во теретана се појави на 25 април годинава, но тој тврдеше дека таа е стана најмалку 6 месеци. И министерот Наќе Чулев имаше објава во која посочи бил направен увид во видео-надзорот од фитнес-центарот за периодот од 1 до 27 април и оти ниту лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ниту двајцата припадници на МВР кои се со него, ги нема на снимките од тој период. Тој, повикувајќи се на изјави од истрагата, рече дека снимката е од октомври лани.
Од друга страна, пак, СДСМ прашуваше зошто тогаш лицата кои се со Мицкоски носат ракавици и маски.
Ова беше втора снимка од Мицкоски. И на 4 април се појави видео во кое се гледа како тој излегува од теретана, но и тогаш тој негираше дека бил во теретата за да вежба во време кога тие за затворени поради епидемијата туку, како што рече, бил за да си ја земе опремата.
*Поврзани вести:
Се појави нова снимка од Мицкоски во теретана, тој тврди дека е стара најмалку 6 месеци
Чулев: Снимката со Мицкоски во теретана е од октомври 2019 г.
(ВИДЕО)Мицкоски во теретана во време кога е забранета работа на теретаните?
Мицкоски не бил во теретана да вежба, туку за да си ја земе опремата?
