Остануваат исти цените на еуросупер БС-95 и на еуросупер БС-98, како и на екстра лесното масло
За два денара по литар од полноќ поскапуваат дизел-горивата. Цената на бензините останува иста. Ова е денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Новата цена на еуродизел (Д-Е-V) ќе изнесува 75.50 денари за литар.
Остануваат исти цените на еуросупер БС-95 и на еуросупер БС-98, како и на екстра лесното масло.
За 1,051 денари поскапува мазутот и еден килограм ќе чини 46,336 денари.
