Разликата меѓу официјалниот и лажниот профил на лидерот на СДСМ, како што посочуваат од партијата, е препознатлива по синиот беџ за верификација што постои само на официјалниот профил на Филипче
Опозицискиот СДСМ информира дека е креиран лажен фејсбук-профил на лидерот на партијата Венко Филипче, со злоупотреба на неговото име, податоци и фотографии.

Од партијата предупредуваат дека од лажниот профил се шират несоодветни и лажни содржини, повици за членски книшки, повици за измислено здравствено осигурување, а граѓаните се насочуваат на приватни пораки.
„Ги повикуваме граѓаните и членовите да не наседнуваат и да не споделуваат никакви лични податоци кои можат да им бидат злоупотребени од страна на измамниците кои го креирале профилот“,
велат од СДСМ.
Разликата меѓу официјалниот и лажниот профил на лидерот на СДСМ, како што посочуваат од партијата, е препознатлива по синиот беџ за верификација што постои само на официјалниот профил на Филипче.
„Лажниот профил е веќе пријавен и очекуваме брза реакција за негово бришење“,
додаваат оттаму.
