Директорот на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, Небојша Настов, вели дека изминатите денови граѓаните доаѓаат во болница поради повреди, кои најчесто се скршеници на подлактици и шинувања на зглобовите на нозете
Изминатите три дена, поради врнежите од снег и појава на голомразица, скопската Итна медицинска помош имала вкупно 254 интервенции.
За само еден ден, пак, повеќе од 20 пациенти биле третирани во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“.

Доктор Рихад Реџепи, шеф на смена во скопската Итна медицинска помош за МИА изјави дека во тие над 200 интервенции, покрај повредени граѓани што паднале лизнувајќи се на мразот, имало и сообраќајки, како и лица кои поради алкохолизирана состојба се здобиле со повреди.
Според него, повозрасните лица да не излегуваат од дома без потреба, а за возачите да ги почитуваат советите за возење во зимски услови.
Директорот на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, Небојша Настов, вели дека изминатите денови граѓаните доаѓаат во болница поради повреди, кои најчесто се скршеници на подлактици и шинувања на зглобовите на нозете.
Очекуваат поголем број пациенти во наредниот период кога преку ден снегот ќе се топи, а во утринските и вечерните часови на температури под нулата доаѓа до подмрзнување на тротоарите и улиците.
Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавија дека до крајот на неделата температурите ќе се спуштат и до -10 степени.