УХМР и за денеска најавува провејување на снег, особено во југозападните делови
Денеска нè очекува променливо облачно и студено време со слаб до умерен северен ветер.

УХМР и за денеска најавува провејување на снег, особено во југозападните делови.
Минималните температури ќе се движат во интервал од -9 до -1 Целзиусов степен, додека максималните ќе се достигнат од -6 до 3 степени.
Времето во Скопје ќе биде променливо облачно и студено со услови за провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од север. Температурите ќе се движат од минимални -3 до максимални 3 степени.
За наредните денови УХМР најавува стабилно и студено време со ниски утрински температури.