Дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на Транспортен центар и на Зелен пазар
Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) денеска соопшти дека од сабота (4.01.2025) до вторник (7.01.2025) ќе работи по неделен возен ред, додека жичницата ќе функционира вообичаено од 10 до 17 часот.
Дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на Транспортен центар и на Зелен пазар.
Жичницата на 4.01.2025 год. (сабота) и 7.01.2025 год. (вторник) Божик ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот, а на 6.01.2025 год. (понеделник) Бадник, вообичаено, како и секој понеделник, нема да работи.
