Засега нема официјални информации за бројот на патниците што се наоѓале во автомобилот, но повикувајќи се на свои полициски извори, ТВ Алсат неофицијално објави дека во возилото се наоѓале пет лица од исто семејство, меѓу кои и 4-годишно дете
Попладнево околу 16 часот автомобил излетал од локалниот пат за селото Рашче и паднал во Вардар.

Како што информираат од МВР, екипа на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ презема мерки за вадење на автомобилот. На местото се присутни јавен обвинител, полициски и екипи на Итната медицинска помош. Засега нема официјални информации за бројот на патниците што се наоѓале во автомобилот.
Повикувајќи се на свои полициски извори, ТВ Алсат неофицијално објави дека во возилото се наоѓале пет лица од исто семејство, меѓу кои и 4-годишно дете. Според Алсат, детето излетало од автомобилот пред тој да падне во реката. Детето подоцна било пронајдено од случајни минувачи и однесено в болница.
„Во 18 часот од ГОБ ‘Св. Наум Охридски’ сме известени дека кај нив од страна на случајни минувачи е донесено четиригодишно дете, кое потоа е пренесено во Клинички центар“,
информираат од МВР.