Како што информираше тој, на територија на државата се случиле вкупно 29 кривично-правни дела и приведени се 33 лица. Случени се вкупно 28 сообраќајни незгоди од кои три со тешки телесни повреди
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја оцени безбедносната состојба во државата за време на новогодишната ноќ како мирна и стабилна.
Како што информираше тој, на територија на државата се случиле вкупно 29 кривично-правни дела и приведени се 33 лица. Случени се вкупно 28 сообраќајни незгоди од кои три со тешки телесни повреди.

„Генерално, од кривично-правно аспект на територија на државата се направени 29 кривични дела и приведени се 33 лица од кои 14 се поврзани со трговија со дрога на различни локации. Имало околу 28 сообраќајни незгоди од кои три со тешки телесни повреди, а за среќа немавме сообраќајни несреќи со најтешки последици така што генерално можам да заклучам дека имавме мирна и стабилна безбедносна состојба на теротирија на Македонија и уште еднаш да упатам огромна благодарност до сите полициски службеници кои во текот на вечерта одговорија на висина на задачата“,
изјави Тошковски присуствуваше на официјалното отворање на скијачкиот центар „Михајлово“.
На новогодишната ноќ со акутно труење од алкохол на Клиниката за токсикологија во Скопје биле примени 18 пациенти. Најмладиот имал 14 години, а најстариот 38. Тринаесетгодишно дете се здобило со тешки повреди на раката од петарда и ќе има траен инвалидитет, информираа денеска на прес-конференција, директори на здравствени институции во Скопје.
Нивната генерална оценка е дека ноќта поминала прилично мирно со помал обем на работа.