„Додека сум жив, ќе живеам во Србија. Немам сметки во странство. Немам недвижен имот во странство. Немам ништо, никаде, надвор од Србија. Србија е мојот живот, мое минато, сегашност и иднина. Се борев за Србија и ја претставував на најдобар можен начин. Ја подигнав до тие граници да не можат да ме надминат во она што го направив“, вели српскиот претседател
Не ми паѓа на памет да бегам од државата, вели претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од Брисел, одговарајќи на новинарско прашање за прозивките од опозицијата дека едно од решенијата за смирување на протестите и блокадите во земјата би било ако ја напушти.
Посочи дека се борел за Србија и дека ја подигнал државата и никогаш нема да престане да се бори против оние што ги злоупотребуваат децата, каков што е случајот, според него, со учесниците на демонстрациите низ државата.
„Додека сум жив, ќе живеам во Србија. Немам сметки во странство. Немам недвижен имот во странство. Немам ништо, никаде, надвор од Србија. Србија е мојот живот, мое минато, сегашност и иднина. Се борев за Србија и ја претставував на најдобар можен начин. Ја подигнав до тие граници да не можат да ме надминат во она што го направив“,
рече тој.
Уште еднаш категорично посочи дека никогаш нема да избега од државата.
„Да бегам, затоа што ја подигнав Србија, затоа што не сум украл ништо? Никогаш нема да го сторам тоа“,
вели српскиот претседател.
Оцени дека Србија денес е најсилна и најразвиена во својата историја.
„Да бегам од ѓубрињата што ја растргнаа и уништија оваа земја. Уништуваа, крадеа, ограбија сè. Приватизираа и ставаа сè во своите џебови. Но, јас сакав стабилност. И вие некого ќе го бркате. Мислите дека некој ви се плаши“,
рече тој.
Ѝ порача на опозицијата дека не ѝ се плаши.
„Мислат дека некој им се плаши, затоа што сме љубезни, затоа што сакаме да ги сослушаме сите. Ние ги почитуваме младите што протестираат и затоа им ги исполнивме барањата“,
кажа Вучиќ.
Инаку, претседателот на Демократската партија, Срѓан Миливојевиќ, рече дека српскиот претседател ќе избега од државата, по примерот на сирискиот претседател, Асад, но во некоја заливска држава.