Лидерот на СДСМ посочи дека почувајќи од 2008 до 2016 година во земјава постојано се одржувале предвремени избори, согласно политичката волја на тогаш владејачката ВМРО-ДПМНЕ
Лидерот на СДСМ најави дека е можно изборите да се одржат на 21 јуни, по денешната лидерска средба на која не е постигнат консензус за новиот датум за одржување на парламентарните избори.
Како што рече Заев, тоа се законските рокови, согласно со Уредбата на Владата за изборниот процес, која предвидува избори во рок од 22 дена од завршувањето на вонредната состојба.
„Вонредната состојба завршува на 30 мај, значи подгответе се за избори на 21 јуни. Тоа не значи дека нашата одлука е конечна. Ако може Мицкоски да гарантира дека во август или на 12 септември ќе нема ниту еден заболен од ковид-19 подготвени сме да разговараме и за тоа. Во спротивно нема да дозволиме да се прекршува Уставот на државата. Нема бегање од избори“,
рече Заев.
Тој посочи дека почувајќи од 2008 до 2016 година во земјава постојано се одржувале предвремени избори, согласно политичката волја на тогаш владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
„Мицкоски кажува дека изборите треба да се одржат на крајот на летото, ама не кажува како да се состане парламентот. Не кажува ништо ниту за излегување на ВМРО-ДПМНЕ од Владата, иако оваа влада е техничка и беше избрана со мандат да организира избори во рок од 100 дена“,
рече Заев.
Тој нагласи и дека и овие парламентарни избори биле договорени како предвремени со согласност на сите партиски лидери. Рече дека институциите треба што поскоро да профункционираат со полн капацитет и со политички легитимитет. Исто така, според него, крајот на летото е период кога треба да заживее економијата, а посочи и на предупредувањето од СЗО дека европските земји треба да се подготват за нов бран на коронавирусот наесен.
На прашањето, дали и натаму остануваат на тоа дека треба да се оди на избори на 21 јуни, и покрај немањето согласност од опозицијата, Заев рече дека согласно сегашната ситуација, вонредната состојба завршува на 30 мај и единствениот уставно-правно акт за изборите е Уредбата со законска сила. Се друго, според него би било кршење на Уставот.
„Тој датум е 22 дена по завршување на вонредната состојба, односно 21 јуни. Кој е тој друг акт без кршење на Уставот и законите за да може да се закажат избори? Вонредната состојба беше просторот за преговори, ако имаше желба да се договараме и преговараме. Се уште има можности. Не постои друг правно – формален акт без кршење на Уставот, а ние не прифаќаме да се крши Уставот“,
рече Заев.
Тој денеска не можеше да одговори дали СДСМ би оделе на избори и покрај евентуален бојкот од опозицијата, истакнувајќи дека деновиве ќе разговараат и за тоа.
„Не можам денеска да донесам одлука, туку само да кажам што е чувство на разум и одговорност пред граѓаните. Допрва ќе носиме таква одлука, сакаме да разговараме. Еве два пати разговараме. Падна нашиот термин 14 јуни, добија една недела. Бараат некој да гарантира дека ќе има нула починати и заразени во август, септември. Ако има такво нешто и ние сме за“,
рече Заев.
Тој додаде дека се’ уште не се консултирале ниту со ЕУ и ОБСЕ што во случај опозицијата да се одлучи за бојкот и најави дека тоа ќе го направи деновиве. Заев исто така рече дека по денешниот неуспех, не е закажана нова средба и дека законските рокови течат.
*Поврзана вест:
