Претходно денеска ТВ 21 објави дека ДУИ испратила писмо до ЕУ, САД и НАТО во кое изразила загриженост дека евентуалното укинување на одредби од Законот за јазиците би ја поткопало меѓуетничката хармонија и би го нарушило, како што се вели, кревкиот баланс кој над две децении обезбедува стабилност и соживот
Писма со жалопојки испраќани до меѓународните претставници нема да ги направи Европејци, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ откако опозициската ДУИ испрати писма до Европската Унија, САД и НАТО во кои повика да ги искористат своите дипломатски капацитети и да обезбедат зачувување на Охридскиот договор, поконкретно Законот за употреба на јазиците, чија уставност ќе се разгледува на седница на Уставниот суд в среда.

„ДУИ наместо да почне да дејствува како реална опозиција, се занимава со пишување писма. Кога станува збор за ДУИ, едно е јасно – тие се креатори на криминалот во Македонија, а СДС се кумови. ДУИ да престане да ги злоупотребува Албанците во Македонија за да се спаси од криминалните активности. Од криминал никој нема да се спаси. Помина времето на практикување криминал како што беше во времето на СДС и ДУИ. Сега за сторен криминал се одговара пред надлежни институции“,
пишуваат од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.
Претходно денеска ТВ 21 објави дека ДУИ испратила писмо до ЕУ, САД и НАТО во кое изразила загриженост дека евентуалното укинување на одредби од Законот за јазиците би ја поткопало меѓуетничката хармонија и би го нарушило, како што се вели, кревкиот баланс кој над две децении обезбедува стабилност и соживот.
Во писмото ДУИ ги повикува меѓународните партнери, кои беа посредници во потпишувањето на Охридскиот договор, да ги искористат своите дипломатски капацитети и да обезбедат зачувување на неговите темели. ИСто така, во писмото се нагласува дека поддршката на меѓународната заедница е клучна за зачувување на мирот, стабилноста и евроатлантската перспектива на Северна Македонија.
